Нови детали за состојбата на Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“, повикувајќи се на повеќе извори, објавува дека седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе не е врзан за кревет. Сепак, тој сè уште не може да оди, наместо тоа, се вози низ својот дом во инвалидска количка.

Објавени се и детали во врска со извештаите дека Шумахер страда од синдром на заклучување или псевдокома, што се однесува на способноста да реагира на околината и да комуницира со другите само со трепкање и движења на очите.

Неколку извори изјавија дека оваа информација е неточна.

– Невозможно е да се каже со сигурност дали тој разбира сè бидејќи не може да зборува за тоа. Постои чувство дека е свесен за дел од она што се случува околу него, но веројатно не за сè – изјави еден извор за „Дејли мејл“ под услов да остане анонимен.

Изданието исто така негира дека Шумахер присуствувал на свадбата на ќерката Џина во 2024 година и потврди дека само три или четири лица смее да го посетат, вклучувајќи ги поранешните лидери на Ферари, Жан Тод и Рос Браун, и веројатно неговата менаџерка Сабине Кем.

За потсетување, Шумахер продолжува да се рехабилитира по трауматската повреда на мозокот добиена при скијање на Алпите во декември 2013 година. Семејството на седумкратниот шампион одржува строга доверливост во врска со неговата состојба.