Според Курир,рс Дејан Станковиќ ќе ја преземе Црвена звезда од јануари и ќе се врати во Маракана.

Станковиќ е без клуб откако беше отпуштен од Спартак Москва, а веќе некое време е во Белград, каде што водеше и преговори со Звезда.

Сега е јасно дека токму Станковиќ, кој седеше на клупата на Звезда од 2019 до 2022 година и освои три титули и два Купа на Србија, ќе ја преземе тренерската позиција и диригентската палка од Владан Милојевиќ.