Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

– Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што да се плашиме. Психолошкиот притисок да се добие натпреварот е поголем кај Данците. Респект за Данска, но и Македонија има мотив да одигра добро и да направи изненадување. Јас одлучив да не менувам многу што се однесува до играчкиот кадар. Ќе има неколку освежувања со неколку повратници во националниот тим, како и тројца дебитанти. 

На 26 март македонската репрезентација ќе гостува во Копенхаген кај Данска. Доколку се забележи победа, „црвено-жолтите“ во финалето пет дена подоцна ќе се соочат со поуспешниот од дуелот Република Итрска – Чешка.