Францускиот репрезентативец се надева дека годинава ќе ја освои „Златната Топка“. Најдобриот пласман на Мбапе во изборот за „Златната топка“ беше третото место во 2023 година, кога играше за Пари Сен Жермен.

„Секогаш мислам дека сум најдобриот (играч на светот), но секој има свое мислење. Можеби луѓето го гледаат поинаку. Не мислам дека тоа е дискусија што треба да ја водиме. Секако, ова би можела да биде добра година за мене да ја освојам „Златната топка“. Но, новинарите гласаат“, додаде 27-годишниот француски фудбалер.