Македонскиот фудбал денеска го погоди голема трагедија, почина Васил Рингов, човекот кој беше едно од најголемите фудбалски имиња во нашата историја, објави Слободен печат.

Рингов е поранешен македонски, но и југословенски репрезентативец кој на клупски план длабока трага остави во дресот на Вардар. Настапуваше уште за Партизан, Тетекс и Беласица каде што ја започна кариерата.

За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари во кои постигна 93 гола.

Животот го загуби по кратко боледување на 70-годишна возраст.