Ракометарите на Металург тераат по старо. Вечерва претрпеа нов пораз 29-30 во СЕХА лигата, овој пат од Железничар. Ова беше дуел на две изедначени екипи кој гостите од Ниш заслужено го добија.
Водеа во текот на целиот меч а од клупата беа командувани од познаникот на скопската публика Веселин Вујовиќ.
„Вујо мајсторе“ одлично го водеше тимот кој навистина се израдува од победата во Скопје.
Металург нема ниту една победа во СЕХА лигата, а реди порази и во Лигата на шампионите. Слабата ротација, младиот состав како и финаниските проблеми говорат дека пред нив е една долга и мачна сезона.
Comments are closed for this post.