На 24 октомври во Скопје ќе се одржи Good Б2Б натпреварување каде најдобрите домашни и регионални тимови ќе ги “вкрстат силите” за да го понесат лауреатот најдобри во играта „Counter Strike: Global Offensive”.
Настанот ќе се оддржи во „INNO FEIT“ и на него се поканети да присуствуваат сите домашни компании чии вработени би сакале да направат тим што ќе се натпреварува на официјалното натпреварување и секако, сите заинтересирани поединци кои би сакале да го проследат овој несекојдневен спектакл кој ја слави и промовира гејминг културата на посебен начин.
Влезот на настанот за посетителите е бесплатен, а покрај следење на официјалното натпреварување на тимовите, тие ќе имаат можност да посетат и неколку специјализирани експо зони и да почувствуваат дел од иновативното и забавно искуство кое ќе им биде понудено.
Good Game натпреварувањето кое е навистина ункатен спој на гејминг, нетворкинг и тим билдинг, има и своја хумана димензија, а тоа е обезбедување поддршка на иновативни стартапи и млади претприемачи преку специјален фонд кој ќе се обезбеди од собраните средства од котизации и спонзорства на настанот.
Comments are closed for this post.