Од денеска до недела на лизгалиштето при спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, почнува меѓународниот хокеарски турнир „Ајс фестивал“, а на кој ќе учествуваат четири тима од кои два се македонски.
Овој турнир се одржува седма година по ред, а почнува во 18:30 часот со дуелот на Интернационал и Македонија јуниори. Во интернационалниот тим ќе има хокеари од целиот свет, додека кај нашите јуниори ќе настапат играчи до 23 години.
Потоа од 20:30 часот, клубот Вардар ќе си ги одмери силите со романски Торпедо од Букурешт, тим кој трета година доаѓа во Скопје. Утре се играат преостанатите мечеви секој со секого, а в недела се натпреварот за трето место и финалето
Comments are closed for this post.