Холанѓанецот Макс Ферстапен се почести за шампионската титула во Формула 1 со купување на нов болид кој чинеше вистинска „ситница“, само 2 милиони евра.
Ферштапен, кој во последниот круг од трката во Абу Даби стигна до првата титула во „најбрзиот циркус на светот“, купи луксузен автомобил Aston Martin Vaklirie.
Овој модел се препорачува како најбрзиот уличен автомобил во светот, но може да се користи и како тркачки автомобил. Има V12 Cosworth мотор и 1155 коњски сили, а Aston има произведено само 150 такви примероци. Производителот тврди дека овој хипер-автомобил може да достигне брзина од 100 km/h за 2,5 секунди.
Comments are closed for this post.