Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ги сумираше впечатоците од вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Бахреин, велејќи дека тимот се уште не ги знае точните причини за откажувањето на двата болида.
– Сè уште не сме сигурни зошто се појави овој проблем. Но, да, тоа дефинитивно се случи откако механичарите ги ставија тркалата на болидот на пит-стопот. Нешто се случи. И не е дека воланот наеднаш станал тежок или нешто слично. Не, воланот стана речиси невозможно да се сврти. И колку побрзо возев, проблемот стануваше позабележлив. Имаше доцнење на воланот – на пример, секогаш кога ќе го свртев воланот надесно, требаше некое време пред автомобилот да реагира на тоа. Всушност, затоа и направив толку лош рестарт. Сакав да згазнам на гас, но едноставно не можев да ги исправам тркалата, само беа заглавени. Така да, беше тешко. Што да се прави, ова е првиот тркачки викенд. Темпото на трката беше неверојатно, но рамнотежата на болидот поради некоја причина не беше толку добра како во петокот. И ова ќе треба да се реши, изјави Верстапен.
Холанѓанецот е бранител на шампионскиот трофеј освоен мината сезона. На трката во Бахреин победи Шарл Леклер од Ферари пред неговиот клупски партнер Карлос Сајнц.
Comments are closed for this post.