Голем дел од општините во Атина, вечерва ќе постават видеобимови на централните плоштади и ги повикуваат граѓаните заедно да го следат полуфиналниот натпревар на Европското кошаркарско првенство меѓу Грција и Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
„Сите заедно во еден глас да ја бодриме нашата репрезентација; „Сите заедно за Грција, целиот град една трибина“; Дојдете да ја гледаме нашата репрезентација на патот до финалето на Евробаскет“, се дел од повиците од општините.
Градоначалниците на низа општини во областа Атика, како во северниот, така и во јужниот дел, најавија дека вечерва ќе постават гигантски видеобимови, некои дури и ги одложија планираните настани за вечерва.
Организирано следење на полуфиналето најавија и од Културниот центар Ставрос Ниархос каде што исто така ќе виде поставен видеобим.
Во Рига пак, грчката репрезентација ќе има поддршка од околу 2.000 навивачи, а голем дел од нив со чартер летови заминаа од Атина.
Натпреварот Грција – Турција ќе се одигра вечерва во 20 часот.
Comments are closed for this post.