Германецот Кристијан Дисингер навистина нема среќа. Откако долго време отсуствуваше поради повреда сега му следи нова пауза.


На вчерашниот натпревар со Загреб во финишот на првото полувреме доживеа тешок пад на паркетот откако беше срушен од Словенецот Поточник. Кристијан се сруши на теренот со раката која веднаш му беше мобилизирана.

За среќа тој нема сршеници но му претстои нова пауза. Неговите соиграчи со видео порака му посакаа брзо закрепнување.