Европската фудбалска централа (УЕФА) денеска соопшти дека македонскиот фудбалски клуб Вардар ја избегнал двегодишната суспензија од европските купови, која како условна им беше поставена во декември минатата година поради неисплатени долгови.
Од УЕФА потврдија дека Вардар ги подмирил долговите до 30 септември 2018 година и така „црвено-црните“ избегнале суспензија.
„Вардар до контролното тело достави докази со кои го задоволи судскиот совет и фактот дека условите што беа поставени беа исполнети“, стои во објавата на УЕФА.
Вардар сепак не доби лиценца за настап во Европа од ФФМ откако не успеа да ги исполни финансиските критериуми, но и во жалбениот рок клубот не ги подмирил долговите до 15 мај.
На местото на Вардар, кој заврши како втор во ПМФЛ, ќе игра финалистот во Купот, Македонија ЃП како петопласиран во првенството.
Comments are closed for this post.