Ракометарите на Вардар го совладаа францускиот Монпеље (33-27) во натпревар од Лигата на шампионите. По лошото издание против Веспрем, вардарци конечно одиграа добар наптревар.
Имаа почеток од соништата, предност од седум голови но при крајот на полувремето Французите се вратија во игра и на достижни два-три разлика.
Во вториот дел нашите ракометари го одржуваа водството благодарение на одличните одбрани на Милосављев и брзите контри на Чупиќ и Дибиров.
Со оваа победа поранешниот европски првак веќе нема шанси да пласман во втората фаза, додека за Вардарци е непознаница дали ќе бидат втори или трети во групата.
Comments are closed for this post.