Вардар оваа сезона не се шегува. Од три меча во Лигата на шампионите има три од три победи. По Монпење, Кристијанштад падна и Веспрем и тоа на гости. Одлична игра на вардарци предводени од Парондо кој е достојна замена на Раул Гонзалес.
Вардар имаше водство во поголемиот дел од мечот, со исклучок на почетокот на второто полувреме кога пропуштија пет гола предност. Но како што одминуваше натпреварот голманот Мислосавњев, Карачиќ, Чупиќ и Мораеш влегуваа во ритам за уште една победа по која втората фаза веќе е реалност.( 25-27)
Comments are closed for this post.