Ракометарите на Вардар денеска го играат полуфиналниот натпревар од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига против домашниот состав на Брест Мешков.
Двата тима сезонава двапати одиграа вкупно четири натпревари. Во СЕХА конкуренција Белорусите ги добија двата дуели, додека во Лигата на шампионите, Вардар победи дома со 30-23, а на гости одигра нерешено 31-31.
Пресметката меѓу Вардар и Мешков Брест е втор на програмата на воведниот натпреварувачки ден од Ф4 турнирот (19 часот), претходно во историското прво хрватско полуфинале ќе сесоочат дебитантот Нексе и екс-шампионот на СЕХА, ППД Загреб (16.30 часот).
Comments are closed for this post.