Украина ја совлада синоќа на домашен терен Северна Ирска со 1:0 во претпоследниот подготвителен натпревар пред претстојното ЕУРО2020 на кое на 17 јуни во Букурешт ќе игра против македонската репрезентација во рамки на второто коло од групата Д.
Триумфот што за Украинците беше прв по пауза од седум месеци го донесе Олександр Зубков во 10. минута.
– Ова беше многу важен натпревар за нашата самодоверба. Моите играчи покажаа голема желба за победа. Сепак, мораме да продолжиме да работиме на нашата ефикасност во нападот. Во второто полувреме бевме малку уморни, но во целина нашата игра беше добра, оцени по натпреварот одигран во Дњепар, украинскиот селектор Андриј Шевченко.
Украина минатата недела одигра на домашен терен 1:1 против Бахреин, а последната проверка пред ЕУРО 2020 составот на Шевченко ќе ја има в понеделник против Кипар
Comments are closed for this post.