Три лица се убиени, а најмалку десет повредени и потешко повредени по судирите пред националниот стадион Хондурас во Тегусигалпа, јавуваат локалните медиуми.
Судирите започнаа откако локалното дерби меѓу Олимпија Депортиво и ФК Мотагва беше откажано. Причината е што автобусот на ФК Мотагва беше нападнат со камења од ривалските навивачи непосредно пред да влезе во стадионот, пренесува „Ел Хералдо“.
– Седум лица се изнесени од местото на настанот со различни степени на повреди, меѓу кои и три мали деца. Тројца други веќе починаа, рече портпаролката на болницата „Ескуела“ – Лаура Шенер.
Излегува дека настраданите се многу повеќе.
Телевизиите во малата и сиромашна јужноамериканска земја прикажуваат снимки од хаос и насилство, како и навивачи кои навлегуваат во теренот откако натпреварот беше откажан. Тројца фудбалери на Матагва добија лекарска помош по нападот на автобусот.
Двете екипи се од Тегусигалпа и се најпопуларни во градот, а мечот меѓу нив е познат како „Ел Суперкласико“. По првите четири кола, двата тима се на 2-то место (Олимпија) и на 5-то место (Мотагва).
Тројца фудбалери на ФК Мотагва исто така биле прегледани во болница по здобиени повреди на лицето.
Comments are closed for this post.