Челзи синоќа го освои Суперкупот на Европа совладувајќи го Виљареал (1:1, 6:5 на пенали). Томас Тухел стана првиот тренер на лондонци кој ја освоил Лигата на шампионите и Суперкупот.
Во 2012 година, Роберто Ди Матео имаше таква можност, но по освојувањето на Лигата на шампионите, Челзи го загуби Суперкупот од Атлетико.
Треба да се нагласи дека Тухел работи во клубот помалку од една година – од јануари 2021 година.
Од друга страна, тренерот на Виљареал, Унаи Емери, не успеа да стигне до трофејот во Суперкупот ниту по третиот обид. Претходно два пати губеше предводејќи ја Севилја
Comments are closed for this post.