Торонто репторси го славеа синоќа нивното прво финале во НБА, откако ги поразија Милвоки Бакс со резултат 100:94 и со конечен резултат 4:2 по серии ја освоија Источната конференција.
Херојот на мечот и главниот виновник за тоа што „репторси” се во финалето е Кавхи Леонард, кој направи пресвт на натпреварот иако од последните две минути од третата четвртина, Миловоки имаше предност од 15 поени.
Токму во тие последни две минути од третата четвртина Леонард постигна осум поени и со серија од 10:0 ги врати репторси во игра. Но, канаѓаните не застанаа тука, последната четвртина беше уште повозбудливо, откако Торонто за седум минути направија целосен пресврт со предност од осум поени.
Леонард кој во Торонто ја игра првата, а можеби последната сезона бидејќи во јули му истекува договорот, на синоќешниот направар постигна 27 поени, 17 скокови, 7 асистенции и 2 одземени топки
Comments are closed for this post.