Премиерлигашот Њукасл денес го промовира своето засилување, играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали.
Договорот на 23-годишниот Италијанец со англискиот клуб е со важност до летото 2028 година.
Претходно беше објавено дека Милан ќе добие 70 милиони евра и бонуси од продажбата на Тонали.
Фудбалерот од средниот ред е во редовите на Росонерите од септември 2020 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна два гола и 10 асистенции на 48 натпревари за тимот во сите натпреварувања
Comments are closed for this post.