Составот на Вардар за новата сезона ќе биде засилен со доаѓањето на бразилскиот интернационалец Хозе Гиљермо Де Толедо (25). Тој потпиша двегодишен договор со европскиот првак Вардар, а игра на позицијата десен бек.
Роден во Сао Паоло, висок 193 см и тежок 100 кг. Толедо треба да му биде колега на Даинис Криштопанс на десната бековска страна. Толедо е репрезентативец на Бразил, и има освоени златен (216) и сребрен (2018) медал од Пан Американските игри. Играше и на СП 2015 година во Катар.
Толедо е вториот Бразилец во клупската историја што ќе настапува во дресот на Вардар.
„ Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје, изјави Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар.
Comments are closed for this post.