Поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина на 4 март 2018 година, ќе добие доживотен договор со клубот.
Според медиумите во Италија, раководството на „виолетовите” ќе направи гест и симболично ќе го обнови договорот, а парите ќе одат за неговото семејство.
Централниот дефанзивец го напушти овој свет на 31-годишна возраст, а причината за неговата смрт беше срцев удар.
Постхумно Астори беше примен во Куќата на славните на Фиорентина и продолжува да му се оддава чест од неговиот последен клуб и голем број други тимови низ цела Италија
Comments are closed for this post.