Календарот во Формула 1 за следната година ќе се зголеми за една трка до 22, но Германија нема да најде место во неа, пренесува „Auto, Motor und Sport“.
Во 2020 година, Виетнам и Холандија ќе бидат вклучени во календарот во Формула 1, откако предлозите ќе бидат одобрени од одборот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) на состанокот следниот месец.
Новата сезона ќе стартува со Гран-при на Австралија на 15-ти март, по што ќе следи Бахреин една недела подоцна. Виетнам ќе дебитира по уште две недели.
„Зандворт“ во Холандија ќе биде домаќин на првата трка на европско тло на 3-ти мај ако биде одобрен календарот. Гран при на Шпанија засега ќе го задржи своето место и ќе се одржи една недела подоцна.
Comments are closed for this post.