Пробните летови на таканаречените летечки такси – футуристички дронови способни да превезуваат луѓе – се прекинати во Париз за време на Олимпијадата бидејќи не е доставен сертификат за моторите, изјавија нивните промотори.
Германскиот производител Volocopter веќе неколку години спроведува пробни летови во регионот на Париз и напорно лобираше за овластување од европските власти навреме за Олимпијадата.
Компанијата соработува со францускиот аеродромски оператор ADP, метрото и автобускиот оператор во главниот град RATP и регионалната влада на Париз.
Сертификацијата за VoloCity, моторот замислен и направен од Volocopter, е одложен за неколку недели, рече заменик-извршниот директор на ADP, Едвард Аркрајт.
Првично пробните летови требаше да се извршат за време на ОИ, слетувајќи на пловка на Сена во југоисточен дел на Париз.
Промоторите се надеваа дека ќе ги искористат ОИ за да покажат дека технологијата може ефикасно да ги поврзе местата за полетување и слетување. Сепак, пробните летови без патници ќе се одржат на аеродром западно од Париз, в четврток и в недела.
Comments are closed for this post.