Еден од најдобрите голф играчи Тајгер Вудс е отпуштен од болница по сообраќајна несреќа. За ова тој објави на својот Твитер.
Драго ми е да објавам дека веќе се вратив дома, каде ќе продолжам со закрепнувањето. Благодарност до сите за пораките за поддршка што ги добив изминатите недели, напиша Вудс.
— Tiger Woods (@TigerWoods) March 16, 2021
Американецот имаше несреќа на 23 февруари во близина на Лос Анџелес. За да го извлечат од автомобилот кој излета од патот, спасувачите морале да сечат дел од каросеријата.
Вудс се здоби со сериозни повреди на нозете, фрактури, повреди на коските на стапалото и глуждот. Него му беше вградена метална прачка.
Comments are closed for this post.