Откако Милош Теодосиќ се повреди, што го остава надвор од сметките на Саша Ѓорѓевиќ за СП 2019, сега друг српски играч ќе го пропушти Мундијалот.
Драган Милосављевиќ претрпе повреда на левото колено што веројатно ќе го извлече од игра долго време. 30-годишниот бек на Уникаха (Малага) ќе биде надвор од игра цели осум месеци, според „Ла Опинион де Малага“.
Милосављевиќ (198) се повреди за време на пријателскиот натпревар на синоќешниот турнир во Акропол, на кој Србите се соочија со репрезентацијата на Турција.
Изданието објави дека сомневањата се за скинати лигаменти, а доколку бидат потврдени, тоа значи дека тој ќе го пропушти Светското и поголемиот дел од сезоната на клупско ниво.
Moment of Dragan Milosavljevic injury 😔 pic.twitter.com/PYf3r4QViU
— Double – Double EN (@doubledoubleEN) August 16, 2019
Comments are closed for this post.