Спонзорството во спортот во 2018 година достигнало рекордна вредност од 20,07 милијарди евра, соопшти Европската асоцијација за спонзорства.
Со минатогодишното фудбалско светско првенство во Русија и зимската олимпијада во Пјончанг спонзорството во спортот забележало раст од 8,7%. Трета година по ред Европската асоцијација во своите извештаи забележува дека спонзорите се повеќе инвестираат во спортот.
Во 2016 година сумата изнесувала 18,17 милијарди, а во 2017 – 18, 46 милијарди евра.
Најголем пораст на спонзорствата има во Германија (7,3%) и Велика Британија (9,1%).
Comments are closed for this post.