Maрко од Нови Сад е најверниот навивач на српската кошаркарска репрезентација. Неговите солзи во Рига го обиколија светот. Еве што има тој да каже за поразот од Финска.
„Боли. Дојдовме да го земеме златото, се враќаме дома по осминафиналето. Ова повторно ни покажува колку треба да се бориме за нашата кошарка, за да не падне на некои ниски гранки и колку сите треба да инвестираме на некаков начин, колку можеме да вратиме на таа кошарка што ни донесе толку многу убави работи низ нашите животи. Ја следам кошарката од 1995 година, а од 2015 година имам освоено, не знам ни колку првенства. Сакам да ги поздравам сите наши фанови и сите наши луѓе да ја поддржуваат кошарката, нашата репрезентација, кој и да е новиот тренер.Ќе видите на социјалните мрежи што правиме и колку напорно се трудиме.
Heartbreak for Serbian fans 🥺❤️🩹#EuroBasket | #MakeYourMark pic.twitter.com/ThZtdlVqlJ
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025
Comments are closed for this post.