Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја прокоментира иднината на подзаборавената stвезда во тимот, Алексис Санчез.
Чилеанецот е бледа сенка на самиот себе од преминувањето на „Олд Трафорд“, но експертот рече дека тој сè уште планиа да се потпира на него.
Алексис Санчез тренира со нас и одлично се снаоѓа. Тој заостанува четири-пет недели во подготовките во однос на другите момци, но тој е напаѓач и верувам дека ќе постигне многу голови оваа сезона, изјави Солскјаер.
Ова лето екипите во Англија потрошија скоро 1,5 милијарди фунти за нови играчи. Најголема зделка за летото беше токму на „црвените ѓаволи“, кои го привлекоа Хари Мегваер од Лестер за 80 милиони фунти.
Comments are closed for this post.