Романските медиуми и тамошната федерација се жалат на лошите услови за игра на Националниот стадион „Тодор Проески“.
Теренот на стадионот е претворен во вистинска ораница и нема услови за квалитетна игра.Теренот е дупка до дупка, нерамен и „жеден“ за вода.
„Ова е натпревар за второто место, ќе се игра на очаен терен, тој е нерамен, тревата не е на потребното ниво, а пред головите само песок“, пишува „Газета Спорурлор“.
Несфатливо е зошто надлежните за стадионот не го одржуваат целиот стадион и посебно теренот. Во последниов период на „Градски“ немаше мечеви, а репрезентацијата минатата недела играше со Ерменија.
Денешниот меч со Романија е можеби клучен Македонија да фати приклучок во борба за место кое води на СП во Катар.
Comments are closed for this post.