Бизарен случај доаѓа од Србија, откако клупските простории на Слога од Краљево биле обиени од крадци, а лудоријата да е поголема, крадците освен што украле еден компјутер и еден принтер, успеале да ја однесат целата опрема со себе – од дресови, топки, па до чуњеви.
„Со сите проблеми со кои се соочуваме, сега и ова ни требаше. Хулигани обиле во просториите и однеле сѐ“, рекол Дарко Милисављевиќ.
Првиот тим нема буквално ништо. Крадците ги украле сите дресови, сите топки, сите пропратни работи за тренинг на тимот, а успеале да земат и поголем дел од комплетната опрема за младинските категории.
„Дури седум врати обиле крадците, ја зеле целата опрема на првиот тим, сите топки, па ‘зафатиле’ и дел од опремата на младите селекции. Плус компјутерската опрема, принтерот… Всушност, ние не стигнавме да видиме што уште недостига, а веројатно е дека земале буквално сѐ. Управата ни овозможи услови да работиме, а сега немаме ништо. Сега е прашање како ќе се организираме да тренираме, кога немаме буквално ништо“ додал Милисављевиќ. Полицијата објавила дека е истрагата во тек и дека се браат извршителите на кражбата.
извор Спорт 1
Comments are closed for this post.