Осумкратниот освојувач на големиот Кристален глобус, Марсел Хиршер го објави крајот на својата кариера.
Хиршер (30) ја објави својата одлука во пренос во живо на австриската национална телевизија велејќи дека бил мотивиран од желбата да поминува повеќе време со семејството.
Австриецот е рекордер во освојувањето на Светскиот куп, дури осум пати, оставајќи ги зад себе Марк Жирардели (5) и Анемари Мозер (6). Тој има две олимписки титули од Пјонгчанг 2018 во слалом и алпска комбинација.
Во својата кариера, Австриецот има освоено 67 трки од Светскиот куп.
Comments are closed for this post.