Олимписките игри би можело да вклучат повеќе дисциплини од Токио 2024 година. Организациониот комитет воведе разгледување на четири спорта, кои некогаш беа незамисливи на игрите.

„Тие се во потполност во согласност со Олимписката агенда 2020, урбани се, со можност да се поврзат младите генерации“, изјави Томас Бах пред Олимпискиот комитет.


Станува збор за спортско качување, сурфање, брејкденс и скејтбординг. Инаку, брејкденс и спортското качување беа на Олимписките игри за млади во 2018 година, а скејтбординг и сурфањето ќе дебитираат на олимписката програма во Токио следната година.

Потвредено е сега дека овие четири спорта веријатно ќе бидат на Олимписките игри во Париз, а конечната одлука ќе биде донесена во декември 2020 година.

За сега е сигурно дека други дисциплини, освен споменатите четири, нема да се разгледуваат за овој циклус на натпреварување.