Манчестер сити и Челзи ги договорија условите за трансфер на хрватскиот фудбалски репрезентативец Матео Ковачиќ во редовите на актуелниот англиски и европски првак, јавија денеска британските медиуми.
Сити на Челзи ќе му плати обесштетување од 30 милиони фунти, од кои 25 милиони фунти се фиксен дел, а пет милиони се потенцијални бонуси.
Преостанува Манчестер сити со Ковачиќ да ги договори личните услови за соработката.
Ковачиќ дојде во Челзи од мадридски Реал во 2018 година.
Comments are closed for this post.