Шампионите на Англија, Манчестер Сити го победија со 5:4 по изведување на пенали (1:1 во редовно време) европскиот шампион Ливерпул на „Вембли“ во дуелот за „Комјунити шилд“, кој традиционално претходи на новата сезона во Премиер лигата.
Поранешниот играч на тимот од Мерсисајд, Рахим Стерлинг (12’) го реализираше единствениот гол во првиот дел, во кој предност имаа „небесносините“. Ливерпул беше многу подобар тим во второто полувреме, но двапати гредите ги запреа „црвените“ по ударите на Ван Дајк и Мохамед Салах.
Сепак, составот на Јирген Клоп изедначи заслужено со погодокот на Жоел Матип (77’). До крајот на редовното време, прекрасните настапи на Клаудио Браво и одличното расчистување на линијата од Кајл Вокер го одведоа мечот до изведување на пенали.
При нивно изведување, Жоржињо Вајналдум промаши за Ливерпул, а сите изведувачи на Сити беа прецизни.
Па така, „граѓаните“ го освоија трофејот и дадоа сериозна најава за претстојната сезона.
Comments are closed for this post.