Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Манчестер Сити со 2-0 (2-0) како гости во дербито од 27. коло на Премиер лигата.

Според се, овој натпревар би можел да го означи и предавањето на круната од актуелниот шампион на идниот, бидејќи Ливерпул ја зголеми предноста во поредокот.
Тимот од „Енфилд Роуд“ го искористи поразот на Арсенал од Вест Хем и сега има 11 бода предност пред „топчиите“ со натпревар помалку. Ливерпул има 64 бодови, Арсенал 53, а Нотингем е трет со 47 бодови. Сити сега е изедначен на четвртото место со Њукасл, со по 44 бодови.