Либиските власти го ослободија Саади Гадафи, синот на поранешниот лидер Муамер Гадафи, кој беше соборен од власт и убиен за време на бунтот во 2011 година, соопшти официјален либиски извор и извор од владата на национално единство.
Саади Гадафи избега во Нигер за време на бунтот, но беше екстрадиран во Либија во 2014 година и оттогаш е затворен во Триполи.
Тој веднаш полета за Истанбул, изјави официјален извор.
Поранешниот професионален фудбалер Саади Гадафи е обвинет за злосторства извршени врз демонстранти во 2011 година и убиство на либискиот фудбалски тренер Башир ал Рајани во 2005 година.
Во април 2018 година, тој беше ослободен од обвиненијата за убиство на Ал-Рајани.
Неговото ослободување е резултат на преговорите во кои учествуваа високи племенски личности и премиерот Абдул Хамид Дбејбех, додаде официјален извор.
Друг извор тврди дека во преговорите бил вклучен и поранешниот министер за внатрешни работи Фати Башаг.
Comments are closed for this post.