Највисокиот македонски кошаркар Теодор Симиќ денес им се приклучи на репрезентативните соиграчи кои тренираат во Гевгелија.
Со доаѓањето на Симиќ, македонскиот национален тим доби на висина.
Вториот дел од сезоната нашиот највисок репрезентативец го помина во гевгелиски Кожув, оттука, доаѓа и во тоа како добро позната средина.
– Па, ако ништо друго, нема да имам потреба за адаптација на овие услови за работа овде во Гевгелија… Пред нас е оној најважен дел до подготовките во кој треба максимален ангажман од сите. Репрезентацијата изгледа помлада, што значи дека нашите обврски кон националниот тим сè уште поголеми. Доста добро се познаваме, што треба да ни ја олесни задачата во оној тактички дел од подготовките. Останува добро да се подготвиме во деновите кои се пред нас и да се обидеме да дојдеме до што е поголем број на победи во претквалификациите, изјави Симиќ.
Во Гевгелија, Македонија ќе одигра два контролни натпревара, со Романија и со Унгарија
Comments are closed for this post.