Тренерот Диего Симеоне се надева дека предводениот од него Атлетико Мадрид ќе ги покаже своите вистински можности во дербито со шампионот Барселона.
– Тоа што во последните години не сме победиле на „Камп Ноу”, ме прави оптимист. Ако победиме утре, но не го направиме тоа во следните наши натпревари, тоа не се брои. Треба да ги покажеме нашите вистински можности. Квалитетите, кои ги имаат нашите фудбалери и тим”, изјави денес Симеоне за медиумите.
Атлетико Мадрид отпадна од Лигата на Шампионите по поразот со 0:3 како гостин против Јувентус во осминафиналето.
Лидерот Барса води со осум поени пред Атлетико на втората позиција, на осум кола пред крајот на сезоната во Примера дивизион
Comments are closed for this post.