Синот на седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер, Мик би можел да стане тест пилот на Ферари во Формула 1.
Според информација на медиумот „Аутоспорт”, Шумахер помладиот ќе потпише договор со „Скудерија”, ќе стане член на академијата на тимот и ќе земе учество во тестовите на Формула 1 во текот на сезоната.
Се очекува во наредните денови Ферари официјално да го објави договорот со германскиот пилот.
Деветнаесет годишниот Мик Шумахер ја освои титулата во Формула 3 во октомври минатата година. Во 2019 година пак се очекува да дебитира во Формула 2 со Према.
Comments are closed for this post.