Повеќекратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, е во свесна состојба откако беше примен во болница во Париз каде е примен под претпоставка дека се лечи со матични клетки, објавуваат британски медиуми.
Добрата вест ја потврдува и неговиот поранешен шеф во Ферари, Жан Тод, кој наводно со Шумахер вчера во болничката соба поминал 45 минути.
Се претпоставува дека германскиот шампион го лечи познатиот француски кардиолог Филип Менаш, инаку пионер во зафати со помош на матични клетки за лекување на проблеми со срцето во болницата „Жорж Помпиду“.
Шумахер во болницата беше донесен во понеделникот со голема придружба телохранители. Беше јавено дека имал посериозни проблеми со срцето.
Една медицинска сестра дала изјава за весникот „Ла Паризиен“ и рекла дека таа лично се грижи за Шумахер и додала оти тој е во свесна состојба.
Comments are closed for this post.