ренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска дека не планира да работи во други клубови откако ќе му заврши ангажманот во актуелниот англиски првак.

„Нема да раководам со друг тим. Не зборувам за долгорочна иднина, но нема да го напуштам Манчестер Сити, да одам во друга земја и да почнам одново. Нема да имам сила“, изјави Гвардиола.

Шпанскиот стратег, сепак, не ја исклучи можноста во иднина да биде селектор.
Гвардиола е тренер на Манчестер Сити од 2016 година, а неодамна го обнови договорот на уште две години.