Марија Шарапова елиминирана во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија. Русинката беше поразена по над двочасовна битка на теренот од локалната миленичка Ешли Барти со 6:4, 1:6, 4:6.
Дваесет и две-годишната Барти стана првата Австралијка по 10 години, која наоѓа место во четвртфиналето, каде што нејзина соперничка ќе биде Чехињата Петра Квитова, која ја отстрани Американката Аманда Анисимова со 6:2, 6:1.
Барти беше поддржана силно од навивачите на трибините каде присуствуваше и легендата Род Лејвер и премиерот на земјата, Скот Морисон.
„Едноставно нереално е да се игра и да се победи на овој прекрасен терен пред полни трибини“, сподели среќата Барти по мечот.
Comments are closed for this post.