Бајката во Сплит кратко траеше. Дрим тимот кој го прават се распаѓа. Иван Перишиќ си замина од клубот, големото засилување Ракитиќ никако да погоди па „билите“ ги спасува нашиот репрезентативец Трајковски.
Тренерот на Хајдук Џенаро Гатузо по ремито на натпреварот од 2. коло од Хрватската фудбалска лига против Вараждин (1:1) откри што се случувало во последните неколку дена со хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, кој минатата сезона во Сплит пристигна како долгоочекуваниот херој на хрватскиот фудбал.
„Разговарав со Перишиќ пред 20 дена. Тој рече дека сака да оди“, откри италијанскиот селектор и предизвика лавина реакции кај и онака незадоволните навивачи.
Comments are closed for this post.