Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна гол за Лацио во 90+4. минута од натпреварот против Лече! Тоа на римскиот великан му донесе значаен бод – 2:2 (1:1).

Голот на српскиот ас неодоливо потсетува на се што правеше во кариерата славниот Филипо Пипо Инзаги.

Погледнете како изгледа

Со овој бод Лацио остана на позицијата број три, која води директно во Лигата на шампионите.Од друга страна, Лече има пет бода повеќе од првиот тим кој е под линијата во зоната за испаѓање.