Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини откри која му е најголемата желба во новата година.Тоа за него е пласман на македонската репрезентација на Европското првенство.
Посакувам да се пласираме на Европското првенство. Посакувам многу плодна работа на националните тимови и секако успех на македонските клубови. Секој ден илјадници фудбалери, тренери, фудбалски работници стануваат и напорно работат за својата екипа, својот клуб, својата репрезентација и нашиот фудбал. На сите им се заблагодарувам за трудот и придонесот. Во име на Фудбалската федерација на Македонија, би сакал да се заблагодарам на сите кои работат во нашиот фудбал и се разбира на навивачите и поддржувачите на нашата репрезентација да им посакам сѐ најдобро во иднина. Фудбалот ги обединува луѓето без оглед на полот, расата, религијата или политичката припадност. Треба да бидеме задоволни што имаме можност да работиме и придонесуваме за негов развој. Посакувам Среќни празници и нека не следи мир и радост.
Comments are closed for this post.