Англискиот фудбалер Џејдон Санчо (25) се договори за личните услови со Јувентус, но преговорите меѓу клубот од Торино и Манчестер Јунајтед сè уште се во тек.
Според италијанските медиуми, Санчо се согласил да потпише четиригодишен договор вреден над пет милиони евра по сезона. Договорот вклучува и бонуси до 1,5 милиони евра.
Ова значи дека Санчо се согласил на намалување на платата за да се приклучи на Јувентус, но преговорите меѓу торинскиот клуб и Манчестер Јунајтед сè уште не се комплетирани.
Манчестер јунајтед, наводно, е согласен да му дозволи трансфер на Санчо за обесштетување од 25 милиони евра, додека Јувентус е подготвен да плати околу 15 милиони евра.
Санчо е член на Јунајтед од 2021 година, но последните две сезони ги мина како позајмен фудбалер во Борусија Дортмунд и Челзи
Comments are closed for this post.