Руската натпреварувачка во уметничко лизгање Александра Степанова се надева дека нејзиниот неодамнешен настап на Европското првенство не бил „непристоен“, откако нејзината фигура облечена во црн костим предизвика лавина коментари на друштвените мрежи.
Степанова со нејзиниот партнер Иван Букин, буквално го украдоа шоуто на гала вечерта во Минск, испорачувајќи романтична рутина на музика од познатата руска пејачка Алла Пугачева.
Сепак, љубовниот танц не беше тоа што го привлече вниманието на публиката, туку тесниот прилепен за тело костим низ кој лесно продираше светлината, откривајќи нешто повеќе од тоа што лизгачката на мраз имала намера.
Привлечната црна облека го крена пулсот на социјалните медиуми, дел од коментарите се дека во проѕирниот костим натпреварувачката делува како точката да ја изведува полу гола.
Сакавме облеката да биде секси и еротска и малку провокативна – изјави нејзиниот партнер Букин за Советски спорт.
Се надевам дека облеката не беше непристојна. Не бевме во можност да ја провериме под светлата на лизгалиштето. Тоа го направивме под нормално светло – додаде Степанова.
Степанова и Букин го освоија сребрениот медал на континенталниот натпревар во Минск, пласирајќи се зад Олимписките учесници Габриела Пападакис и Гуилауме Цизерон од Франција.
Comments are closed for this post.