Со години не сме ги виделе вештините на легендарниот Роналдињо на фудбалскиот терен, но познатиот бразилски фудбалер се труди што е можно повеќе да остане во центарот на вниманието на јавноста. Со насмевка што секогаш ја носи со себе, тој често се појавува во центарот на вниманието поради своите изјави или движења на малите екрани.

Овој пат тој беше гостин во емисија на бразилската телевизија наречена „Caldeirao com Mion“ каде што доби задача да танцува на ист начин како што танцуваше легендарниот Мајкл Џексон со неговата „Moonwalk“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caldeirão (@caldeiraocommion)